Владеачката коалиција на Германија на чело со канцеларот Олаф Шолц (СПД), министерката за семејство Лиза Паус (Зелени) и министерот за финансии Кристијан Линднер (ФДП) постигна официјален договор за клучните точки кои треба да ја одредат висината на основната детска заштита која што беше предмет на повеќемесечен спор.
Донесената одлука гласи дека основната детска заштита во иднина ќе биде централна социјална услуга за сите деца и млади луѓе во Германија.
Сојузната влада чиј концепт предвидува гарантиран додаток кој го добиваат сите, независно од приходите на родителите како и додаток кој дополнително ќе се определува, зависно од платата на родителите и возраста на децата. Владата има во план за почеток да потроши 2,4 милијарди евра во 2025 година за финансирање на основната детска заштита, а тој износ во наредните години треба да се зголемува.
Германската министерка за семејни работи Лиза Паус на прес-конференцијата во Берлин ги истакна резултати од реформата соопшувајќи дека ќе се води ефикасна борба против детската сиромаштија и дека до 5,6 милиони семејства загрозени од сиромаштија и децата во тие семејства ќе добиваат социјални услуги побрзо отколку досега.
Пред новинарите, изјава даде и министерот за финансии Линднер кој сподели дека е задоволен од резултатот, тој говореше за централниот реформски проект на сојузната влада и ја истакна потребата од создавање стимулации за вработување во Германија.
На заедничката прес-конференција во Берлин, министерот за труд Хубертус Хајл (СПД) истакна дека се редефинира обезбедувањето основна егзистенција за децата и дека на реформата гледа како на прилика секое дете да добие добар услов за да ги развие своите можности и таленти.
Според договорот на владеачката коалиција, со основната детска заштита како цели треба да се исполнат: подобра заштита на децата и младите од сиромаштија, како и подобра прегледност со помош на централна платформа, со која треба да се допре и до семејствата кои поради незнаење или бирократски пречки не ги добиваат парите кои им следуваат.
Според она што го договори коалицијата, со основната детска заштита се цели кон: подобра прегледност со помош на централна платформа со која треба да се допре и до семејствата кои поради незнаење или бирократски пречки не ги добиваат парите кои им следуваат, подобри шанси и подобра заштита на децата и младите од сиромаштија.
М. Кизова
фото: архива опсервер