­

Виетнам ги зголеми контролите на аеродромите поради непозната болест од Конго

4-20.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за контрола на болести во Ханој денеска ги засили здравствените контроли на меѓународниот аеродром Нои Баи поради појава на мистериозна болест во Конго, јави виетнамската агенција ВНА.


Минатата недела, Одделот за превентивна медицина при Министерството за здравство на Виетнам издаде итно известување во врска со случаи на непозната болест во Демократска Република Конго.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), од 24 октомври до 5 декември 2024 година, здравствената зона Панци во провинцијата Кванго во Конго пријавила 416 случаи на непозната болест, со 31 смртен случај, што претставува стапка на смртност од 7,6 проценти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK