(Видео)„Држам говор, ако го сакате Трамп, кажете“ – Камала Харис остро им одговори на пропалестинските демонстранти на митингот во Детроит

kamala-haris.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најверојатната демократска кандидатка за претседателските избори во САД, Камала Харис, со остри зборови им одговори на учесниците на пропалестинскиот протест против израелската војна во Газа, кои го прекинаа нејзиниот говор на изборниот митинг во Детроит, извикувајќи „Камала, Камала, не можеш да се сокриеш, нема да гласаме за геноцид“.



„Знаете што, ако сакате да победи Доналд Трамп, тогаш кажете го тоа. Инаку, држам говор“, рече Харис, предизвикувајќи гласни овации на одобрување од нејзините поддржувачи, пренесе „Ју-Ес-Еј тудеј“.

Претходно Харис рече дека е тука затоа што верува во демократија и дека гласот на сите е важен.

Додека демонстрантите продолжија да ја прекинуваат, таа ја заостри својата реторика.

Повеќе од 15.000 луѓе присуствуваа на митингот во Детроит, Мичиген, најголем од почетокот на нејзината кампања.

Харис, како и Бајден, останува цврста во поддршката за Израел, но таа минатиот месец рече дека луѓето не можат да молчат за страдањата на цивилите во Газа и дека таа нема да молчи за тоа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK