Жестока тепачка избила на популарна плажа во Италија, кога жени се истепаа околу лежалките, јавуваат италијанските медиуми.
Шокирани туристи ја снимија неверојатната сцена на плажата во Варкатуро во областа Неапол, а снимката стана вирална на мрежите.
„Неконтролирано насилство, неопходно е превоспитување на оние кои не знаат како да се однесуваат во јавноста“, напиша заменикот Емилио Борели, кој го објави видеото на своите канали на социјалните мрежи.
Според очевидци, до конфликтот дошло кога две жени, по пристигнувањето на плажата, побарале од спасувачите да им постават лежалки во првиот ред покрај морето, пред оние кои дошле рано наутро пред нив.
Кога персоналот одбил, жените започнале тепачка, прво ги нападнале оние кои уживале на плажата, а потоа и самите спасувачи.
Дури и оние кои се обиделе да ја смират ситуацијата почнале да се тепаат, а на учесниците во тепачката им требало повеќе од половина час да се разделат, пренесува Il Mattino.