­

(Видео) Зеленски: Средбата со САД беше конструктивна, напредуваме по клучните прашања


zelenski3-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров рече дека разговорите со американската делегација во Саудиска Арабија биле „продуктивни“ и се фокусирани на енергетскиот сектор. „Разговаравме за клучните прашања, вклучувајќи го и енергетскиот сектор“, додаде Умеров во својот пост на платформата Икс.


Министерот за одбрана на Украина ја предводи делегацијата на неговата земја на разговори кои се дел од дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на тригодишната војна. Средбата на делегацијата на САД и Украина претходи на разговорите меѓу американската и руската делегација закажани за понеделник.

Состанокот следи по серијата разговори одржани во Саудиска Арабија, прво меѓу САД и Русија, а потоа и меѓу САД и Украина, кога Киев го прифати предлогот за 30-дневен прекин на огнот. Путин се согласи привремено да ги запре нападите врз украинските енергетски постројки, но одби да одобри целосен 30-дневен прекин на огнот.

Зеленски: Постигнавме напредок по клучните прашања

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање рече дека средбата меѓу украинската и американската делегација во Саудиска Арабија била „конструктивна и корисна“ и оти е постигнат напредок за клучните прашања.

„Нашиот тим работи многу конструктивно, а дискусијата беше многу корисна. Работата на делегациите продолжува“, рече Зеленски.

Слично мислење изрази и шефот на кабинетот на претседателот Зеленски, Андриј Јермак, додавајќи дека разговорите биле фокусирани и корисни за постигнување на стратешките цели на Украина.

Зеленски ја повика и меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Русија за да постигне прекин на огнот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK