(Видео) Зеленски со божикна порака откако Украина го промени датумот за празнување: „Злото ќе биде победено“

Зеленски-Благодарен-сум-на-Холандија-и-на-премиерот-Руте-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати божиќна порака со охрабрување до своите сограѓани на Бадник.


„На крајот темнината ќе изгуби. Злото ќе биде победено“, вели Зеленски во видео пораката.

Тој додаде дека целата земја ќе се моли заедно за време на празникот: За нашата слобода. За нашата победа. За нашата Украина“.

Претседателот им се заблагодари на украинските војници кои го поминуваат Божиќ во рововите на бојното поле и рече дека неговите мисли се со семејствата кои и оваа година ќе треба да слават без своите сопрузи, синови и татковци кои се борат.

„Сите наши воини на светлината, ангели чувари на Украина. Тие докажуваат дека чуда постојат, но ние самите треба да ги создадеме“, рече Зеленски.

Украина oд минатата година го промени датумот на празнување на Божиќ на 25 декември поради руската инвазија. Претходно го празнуваше на 7 јануари, заедно со Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK