­

(Видео) Зеленски објави снимка: „Заробивме двајца Кинези, се бореа на страната на Русија“


Screenshot-2025-04-08-192427.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили заробиле двајца кинески војници во борбите на истокот на земјата. Според него, украинската војска се судрила со вкупно шест кинески војници, од кои двајца завршиле во заробеништво. Зеленски додаде дека побарал објаснување од Пекинг.


„Имаме информации дека во редовите на окупаторските сили има значително повеќе кинески граѓани од овие двајца. Во моментов се обидуваме да ги дознаеме сите релевантни факти“, рече Зеленски. Тој додаде дека заробените мажи со себе имале документи кои можат да го потврдат нивниот идентитет.

„Мешањето на Русија во оваа војна со Кина, директно или индиректно, е јасен знак дека Путин не сака да го прекине конфликтот. Напротив, тој бара нови начини за негово продолжување“, рече украинскиот претседател.

Зеленски тврди дека Кина на тој начин се усогласила со Русија во нејзината агресија против Украина и истакна дека очекува реакција од Соединетите Американски Држави.

Украинскиот министер за надворешни работи објави дека повикал кинески дипломат во министерството за да побара објаснување. Андриј Сибиха на платформата X напиша дека учеството на кинеските граѓани „како дел од руската армија“ ја доведува во прашање официјалната кинеска позиција за залагање за мир. Тој додаде дека таквото однесување го поткопува кредибилитетот на Пекинг како одговорен постојан член на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK