(Видео) Зеленски најави војна на Балканот: Верувајте ми, имам информации…

Зеленски-Враќањето-на-суверенитетот-е-главниот-услов-за-крајот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот треба да посвети поголемо внимание на ситуацијата на Балканот бидејќи, според него, има информации дека Русија планира да започне војна за да го оттргне вниманието од Украина.


„Русија би можела да создаде нови кризи на Балканот и во Молдавија со цел да го оттргне вниманието на светот од војната во Украина“, изјави украинскиот претседател.

„Денес сите разговараат за кризата на Блискиот Исток. Но, како што кажав претходно, искрено, тоа не е вчерашен проблем. Па дури ни завчерашен проблем. Сите знаат за овој постојан конфликт и постојана војна, но никој не сака да стави крај. Ова е експлозија на Блискиот исток, Русија стои зад ова, ние сме сигурни, со својот сојузник Иран“, рече Зеленски.

„Обратете внимание на Балканот. Верувајте ми, добиваме информации. Русија има долгорочен план: Блискиот исток, а следното одвлекување ќе биде Балканот. Ако партнерите не направат ништо сега, повторно ќе има експлозии, и повторно. Ова не е ново. Русија ќе се погрижи една балканска земја да влезе во војна со друга“, рече Зеленски.

Тој предупреди и за ситуацијата во Молдавија.

„Русите сакаат да покажат дека нешто не е во ред со изборите во Молдавија. Да ги прогласат изборите за неуставни. Повторно да ја соборат актуелната влада, која е проевропска“, вели Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK