(Видео) Зеленски: Имав плодна средба со Шолц

Видео-Зеленски-Имав-плодна-средба-со-Шолц.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија „работи на“ снабдување на Украина со дополнителен систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.


Тој нагласи дека имал „плодна“ средба со германскиот канцелар Олаф Шолц на собирот на европските лидери во Шпанија.

„Германија работи на тоа да и обезбеди на Украина дополнителен систем Патриот за зимските месеци. Благодарен сум на Германија за нејзината поддршка во одбраната на нашата слобода и народ. Тоа е и одбрана на Европа и нашите заеднички вредности“, додаде тој.

Системот Патриот е еден од бројните софистицирани системи за воздушна одбрана што Западот ги испорача за да и помогне на Украина да ја одбие руската кампања на воздушни напади.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK