Украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде во Белата куќа, каде што беше пречекан од американскиот колега Џо Бајден, пренесува Скај Њуз. Украинскиот лидер е подготвен за понатамошни разговори по напорниот ден на клучни состаноци.
🇺🇸👀🇺🇦 Negotiations between Zelensky and Biden have begun! pic.twitter.com/bPuHldR7O7
— MAKS 23 👀🇺🇦 (@Maks_NAFO_FELLA) September 21, 2023
Зеленски претходно ги посети Пентагон и Капитол Хил на средби со високи воени претставници и сенатори.
In the Oval Office meeting, Zelensky told Biden he looked forward to their discussions with a “special emphasis on air defense.” #ukraine pic.twitter.com/xZkcOFGY6k
— Ken Thomas (@KThomasDC) September 21, 2023
Американскиот претседател и првата дама Џил ги пречекаа претседателот Зеленски и неговата сопруга Олена. Претседателите потоа се ракуваа и им позираа на фотографите.
При влегувањето во Белата куќа, Зеленски рече дека неговата посета е „многу важна“. Се очекува Бајден наскоро да го претстави најновиот воен пакет што неговата земја ќе ја испорача на Украина – кој се очекува да вклучува повеќе системи за воздушна одбрана, но го исклучува ATACMS.