(Видео) Зеленски беше со Макрон во Париз и со Мелони во Рим, им го претстави Планот за победа

zelenski-meloni.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера отпатува во Париз и Рим на разговори со европските лидери на кои им го претстави својот План за победа.


Посетата на украинскиот претседател на Париз уследи по посетата во Лондон. Телевизиските снимки покажаа дека Зеленски е примен од францускиот претседател Емануел Макрон.

Зеленски на платформата Икс по средбата со Макрон напиша дека дел од разговорот е презентација на неговиот таканаречен План на победата. Тој посочи дека разговарале и за состојбата на фронтот и подготовките за очекуваната тешка зима.

Во прес-конференција со Макрон, Зеленски категорично ги отфрли медиумските извештаи кои тврдеа дека Украина може да се согласи на прекин на огнот долж сегашната демаркациона линија.

Тоа беше петта посета на украинскиот претседател на Франција од почетокот на руската инвазија на неговата земја во февруари 2022 година.

Зеленски подоцна пристигна во Рим на разговори во последниот дел од неговата турнеја низ европските метрополи. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го пречека Зеленски синоќа во вилата Дорија Памфили на средба, покажуваат телевизиските снимки.

Како што беше случајот во Лондон и Париз, дел од разговорот со Мелони наводно вклучувал и презентација на неговиот план за победа, пренесува дпа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK