(Видео) Заврши заложничката криза во рускиот затвор: има убиени и повредени лица, напаѓачите неутрализирани

3955857_screenshot-16_ls.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четири лица загинаа во напад на затвореник-терорист во затворот во градот Суровикин во регионот на Волгоград, соопшти Федералната служба за извршување на затворски санкции.


Во нападот се повредени четири лица. Напаѓачите првично имаа 8 заложници, а последниот заложник, затворски полицаец, го ослободи Росгвардија. Со тешки повреди е пренесен во болница.

Росгвардија соопшти дека ги неутрализирала сите четворица напаѓачи, пренесува N1.

Руските медиуми јавуваат дека затворскиот полицаец кој бил држен како заложник и кој може да се види на сите видеа објавени од групата терористи киднапери, е префрлен во болница во тешка состојба.

Во написите се потсетува дека во затворот во градот Суровикин во Волгоградската област некои од затворениците ги нападнаа затворските чувари и затворската управа и земаа заложници, соопшти претходно денеска Руската Федерална агенција за извршување на затворски санкции.

Како што се наведува, затворениците на седницата на дисциплинската комисија со ножеви ги нападнале вработените во затворот и ги земале како заложници.

Некои канали наведуваат дека се работи за затвореници кои се членови на терористичката организација Исламска држава.

Киднаперите наводно барале хеликоптер со пилот, 1,7 милиони евра и воздушен коридор на југоисток, со ветување дека доколку добијат се што бараат, ќе ги ослободат заложниците. Тие се заканувале дека ќе ги убијат сите заложници ако не добијат сè што сакаат, пишува „Daily Mail“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK