(Видео) Втор најголем шумски пожар во историјата на Тексас, се шири брзо, едно лице загина

Видео-Втор-најголем-шумски-пожар-во-историјата-на-Тексас-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Шумски пожар во Тексас, кој брзо се шири, загина едно лице, жителите се евакуирани, а домовите и деловните објекти останаа без струја, јавува Би-би-си.


Во вториот најголем шумски пожар во историјата на Тексас изгореа 850.000 хектари северно од градот Амарило. Гувернерот на Тексас Грег Абот прогласи катастрофа во 60 окрузи.

Сувата трева, високите температури и силниот ветер придонесуваат за ширење на пожарот.

Во округот Хачинсон, една од најтешко погодените области, координаторката на јавниот ангажман Деидра Томас изјави за Си-ен-ен дека едно лице загинало во пожарите.

Шумската служба на Тексас А&М соопшти дека ветровите малку се намалиле, што помогнало да се забави ширењето на пожарот. Сепак, само мал дел од пожарот е ставен под контрола вчера попладне.

Денеска се очекуваат врнежи од дожд во северниот дел на државата, што може да помогне во напорите за гаснење на пожарот. Во меѓувреме, стотици пожарникари и екипи за итни случаи се испратени во пожарот, изјави Сет Кристенсен, портпарол на Одделот за вонредни состојби во Тексас.

Пожарот веќе уништи половина милион хектари и е втор само по пожарот во комплексот Источен Амарило во 2006 година, кога изгореа повеќе од 900.000 хектари.

Пожарот принуди евакуација на жители во неколку градови, како и населби во градот Амарило и други заедници, соопшти шумската служба и локалната полиција.

Националната метеоролошка служба ги предупреди жителите во близина на Амарило да останат дома со своите миленици поради лошиот квалитет на воздухот. Тексас издаде предупредувања до фармерите за можните влијанија врз земјоделството и сточарството.

Повеќе од 4.500 домови и деловни објекти се без струја во погодената област.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK