Волонтерите кои бараа тела на местото на техно фестивалот Супернова, каде во саботата беа убиени најмалку 260 луѓе, мораа да ја прекинат потрагата откако се најдоа под оган од милитантите.
Јоси Ландау, командант на волонтерската група Зака, вели дека неговиот тим од 25 луѓе досега извлекол 162 тела од местото на фестивалот, но „не можеле да одат понатаму“.
„Работиме под оган, па моравме да се евакуираме од местото“, изјави Ландау за програмата „Тудеј“ на Би-би-си.
Група од 600 доброволци, обучени од израелската армија, работи на извлекување на сите останки на жртвите од верски причини, за да може секој да биде погребан.
Снимката покажува дека посетителите на фестивалот бегаат во паника откако палестинските милитанти упаднаа на фестивалот и отворија оган како дел од големиот ненадеен напад врз Израел.