Пожарот во Лос Анџелес се уште не е под контрола. Најмалку десет луѓе загинаа, а над 180.000 се евакуирани. Уништени се илјадници домови. Меѓу нив е домот на Валтер и Јалда Сика во Алтадена, кои таму ги поминале последните 40 години.
„Ние стоиме овде без ништо“, изјави Валтер за локалната станица KABC додека видливо се бори со емоциите.
“It’s pretty bad:” A resident shows the burned cars, homes, and businesses from the #EatonFire in Altadena, California. pic.twitter.com/3fRegKVElo
— AccuWeather (@accuweather) January 9, 2025
Двојката го забележала моментот на нивната безбедносна камера додека пламенот се приближува до нивниот дом на врвот на Алтадена драјв. Иако се надевале дека ќе имаат каде да се вратат, пожарот проголтал се.
И покрај се, Јалда Сис останува решена да го обнови нивниот дом. „Преплавена сум со емоции. Не знам како ќе поминеме низ ова, но знам дека ќе го поминеме. Ќе биде долг процес. За жал, има толку многу луѓе во иста ситуација. навистина поразително“, изјави таа за локалниот KABC.
Нивните највредни работи сега се еден со друг, неколку основни работи што ги донеле со себе за време на евакуацијата и нивните две кучиња, јавува Си-ен-ен.
„Ова е мојот дом. Отсекогаш сакав да живеам во Алтадена. Ќе најдам начин“, цврсто рече Јалда.
„Дојдов да видам дали останало нешто од куќата. Сè е таму. Мајка ми умре, сè што имаше остана внатре, имам само неколку спомени. Венчаницата, свадбениот албум, целата облека. Сè што имаме е она што го носиме“, се расплака за Би-би-си една млада жена која изгуби се во пожарот.
„Целиот мој живот е оставен овде“, додаде друга.