(Видео) Во САД се судрија патнички воз и машина за чистење снег, повредени се 38 лица

Видео-Во-САД-се-судрија-патнички-воз-и-машина-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патнички воз вчера се судри со машина за чистење снег во близина на Чикаго, при што беа повредени десетици луѓе. Во несреќата повредени се 38 лица, главно патници, соопштија на прес-конференција од итната помош.



Меѓу повредените, 23 лица се пренесени во болници, а две или три се тешко повредени, но никој не е во животозагрозувачка состојба, изјави за новинарите претставникот на итната служба Кит Греј. Несреќата се случила околу 10:30 часот по локално време.

Возот кој се движел со нормална брзина, според првите елементи од истрагата, се судрил со машина за отстранување снег која била на истата пруга.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK