(Видео) Во Кина изгоре носач на авиони кој некогаш бил дел од моќната советска флота

pozar-nosac.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешен советски носач на авиони изгоре во близина на Шангај за време на викендот, јавува Си-ен-ен.


Носачот Минск во последните осум години беше закотвен во лагуна во близина на реката Јангце во провинцијата Џиангсу, а се запали за време на реновирањето. Требаше да стане дел од воен тематски парк.

Пожарот избувнал во петокот попладне и бил изгаснат околу 24 часа подоцна, се вели во извештајот. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат густ чад и големи пламени јазици на палубата на носачот, а видлива е голема штета по изгаснувањето на пожарот.

„Нема жртви, а причината за несреќата се истражува“, се вели во извештајот.

Минск претходно беше главната атракција, 16 години во сега веќе непостоечкиот тематски парк во јужна Кина, се вели во извештајот.

Неодамна започна обвновувањето за бродот да стане средишен дел на друг тематски парк, но сега тие планови се доведени во прашање, пишува Си-ен-ен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK