(Видео) Во Канада под снегот горат повеќе „зомби пожари“, професор предупредува дека е алармантно

Видео-Во-Канада-под-снегот-горат-повеќе-„зомби-пожари-професор.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Среде канадската зима, жарот од минатогодишната рекордна сезона на шумски пожари тлее под снегот. Таканаречените „зомби пожари“ горат под дебели слоеви снег со невидена брзина, предизвикувајќи стравувања за тоа што може да донесе летото што доаѓа.



Луѓето кои возат по автопатот низ градот Форт Нелсон, Британска Колумбија, лесно можат да ги видат и помирисаат облаците од белиот чад што се издигнува од земјата околу нив. Соња Леверкус, пожарникар и научник од мало гратче во североисточна Британска Колумбија, во интервју за Би-Би-Си се потсети дека возела за време на снежната бура во ноември. Како што вели, снегот што паѓал не изгледал бело, туку сивкасто поради чадот во воздухот.

„Никогаш не сум доживеала снежна бура што мириса на чад“, вели Леверкус, која живее во северна Британска Колумбија повеќе од 15 години. Облаците од чад биле видливи дури и во февруари, вели таа, дури и во многу студени денови кога температурите паѓале до -40 степени Целзиусови.

Чадот во Форт Нелсон е резултат на т.н „Зомби пожари“, наречени и зимски пожари. Станува збор за тлеење на жар без пламен под снежната покривка. Овие пожари не се невообичаени. Во изминатите 10 години, Британска Колумбија забележала просечно пет или шест горења за време на студените месеци, велат експертите. Но, во јануари, регионот забележа невиден врв од 106 активни зомби пожари, што предизвика загриженост кај пожарникарите и научниците, кои се прашуваат што ќе значи тоа за претстојната сезона на шумски пожари.

Повеќето обично се гаснат сами пред пролетта, но во моментот во Британска Колумбија сè уште тлеат 91. Оние што нема да се изгаснат до март, може поповторно да се разгорат штом снегот ќе се стопи и ќе бидат изложени на воздух.

 

„Мислам дека ова континуирано горење во текот на зимата е многу алармантно, особено по рекордната сезона на шумски пожари во Канада минатата година“, рече Џенифер Балцер, професор по биологија на Универзитетот Вилфрид Лориер.

Повеќе од 18 милиони хектари земја изгореа во шумските пожари во Канада во 2023 година. Станува збор за површина со големина на Камбоџа, која далеку го надминува 10-годишниот просек на опожарена површина.

Минатата сезона на пожари беше една од најсмртоносните во поновата историја. Неколку пожарникари загинаа додека беа на должност. Илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, а ефектот се почувствува надвор од границите на Канада кога чадот прекри голем дел од САД во јуни.

Таа катастрофална сезона на шумски пожари е една од причините зошто Британска Колумбија сега доживува толку голем број „зомби пожари“, вели Мајк Фланиган, професор и експерт за управување со пожари на Универзитетот Томпсон Риверс во Келоун.

Повеќето од нив се пожари кои не можеа целосно да се изгаснат до минатата есен, само поради недостиг на средства, рече тој. До крајот на минатата година, во Британска Колумбија биле регистрирани вкупно повеќе од 2.200 шумски пожари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK