Автобус со пакистански аџии се преврте во Иран, при што загинаа 28 патници, јавуваат иранските државни медиуми. Меѓу загинатите има 11 жени и 17 мажи.
Несреќата се случила во вторникот вечерта во централната иранска провинција Јазд, а причината е неисправен систем на сопирачките, објави Ројтерс, повикувајќи се на прелиминарна полициска истрага.
#BREAKING A bus carrying Pakistani Shia pilgrims has overturned near the Iranian city of Yazd, killing 20 and injuring 20 others, Iran’s Red Crescent Society said.
Over 25,000 Pakistanis have entered Iran en route to Iraq’s Karbala to participate in the Arbaeen rituals. pic.twitter.com/bw4I1nSmD2— Iran International English (@IranIntl_En) August 20, 2024
Уште 23 патници се повредени, од кои седум се во критична состојба, изјави покраинскиот директор за управување со кризи за државната телевизија.
Аџиите биле на пат за Ирак, на комеморацијата на шиитскиот светец кој починал во 7 век, според новинската агенција АП.
Околу два милиони шиитски муслимански аџии моментално учествуваат на годишниот аџилак, кој се протега на околу 80 километри (50 милји) од Наџаф до Карбала во Ирак.
Иран е познат по лошата безбедност на патиштата, со околу 20.000 смртни случаи годишно поради сообраќајни несреќи.