Животите на жителите во подрачјата погодени од поплавите не се загрозени само од водата како таква, туку и од поврзаните проблеми.
Министерството за здравство на Чешка предупредува на појава на опасна болест. Во областите погодени од поплави, постои ризик од ширење на лептоспироза, која потенцијално води до откажување на црниот дроб и бубрезите и може да биде фатална.
Годишно во просек се евидентираат по неколку десетици случаи, годинава до крајот на август имало 15, покажуваат податоците на чешкиот државен институт за здравје.
Thousands evacuated in Czech Republic due to floods #CzechRepublic #weather #nature #naturaldisaster #Europe #climate #flooding #floodhttps://t.co/XiyzSW0v9P pic.twitter.com/puWBeUuByw
— Kazinform (@kazinform_eng) September 16, 2024
Размножувањето на бактериите наречени лептоспири, кои се шират во урината на заразените животни, може да се очекува особено откако ќе се повлече водата. „Лептоспирите можат да навлезат во човечкото тело преку гребаници, вдишување или голтање на контаминирани аеросоли или вода, а ретко и преку каснување од животни“, се вели во извештајот.
Во вода и почва контаминирана со урина на заразени животни, бактериите можат да преживеат неколку недели или месеци.
Ситуацијата во Чешка само постепено се подобрува. 82.000 домаќинства попладне останаа без струја поради неповолните временски услови.