(Видео) Во близина на Москва се урна патнички авион, загинаа три лица

16a7bb0f-d4f8-4d3b-876d-9fd61ce696a0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патнички авион „Сухој“ се урна во московскиот регион, при што загинаа тројца членови на екипажот, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.


Авионот се урнал во шумска област во близина на градот Коломна. Причината за несреќата се уште не е позната.

„Маш“, канал на апликацијата „Телеграм“ близок до руските безбедносни сили, објави дека авионот имал пробен лет по поправките и дека и припаѓа на „Газпромавија“, авиокомпанија во сопственост на гасниот гигант Гаспром.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK