(Видео) Ватикан создаде дигитална реплика на базиликата Свети Петар

c6c7b90a-72c5-43e4-a695-07ecddc1c448.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ватикан лансираше нови услуги со вештачка интелигенција за базиликата Свети Петар, обезбедувајќи виртуелен пристап до нејзините архитектонски богатства од ренесансната ера.


Новите искуства беа претставени вчера, навреме за прославата на Светата година, односно јубилејот на Католичката црква во 2025 година, кој се слави секој четврт век.

„Свети Петар е како ѕвезденото небо во летна ноќ: маѓепсани сте од неговата сјајност“, рече кардиналот Мауро Гамбети, истакнувајќи дека новите алатки ќе се однесуваат како телескоп или вселенски брод.

Во соработка со технолошката компанија Мајкрософт и Иконем, компанија специјализирана за дигитализација на локации со наследство, Ватикан лансираше нова интерактивна веб-страница, дигитална реплика на базиликата и две изложби создадени од вештачка интелигенција.

Базиликата дневно ја посетуваат од 40.000 до 50.000 луѓе.

3Д моделот на базиликата е создаден со скенирање со помош на дронови, камери и ласери. Алгоритмите за вештачка интелигенција ги собраа, елаборираа и финализираа податоците.

Беспилотните летала снимаа ноќе четири недели, правејќи над 400.000 фотографии.

„Ние го носиме Свети Петар не само на светот, туку и на новата генерација на луѓе, на јазик кој е попристапен за времето во кое живееме“, изјави за новинарите претседателот на Мајкрософт, Бред Смит.

Папата Франциско призна дека вештачката интелигенција може да го прошири пристапот до знаењето, но постојано предупреди дека тоа мора да се користи исклучиво на етички начин, за доброто на човештвото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK