(Видео) Вака изгледаше прекинот на американскиот воздушен сообраќај поради ИТ дефектот

avioni-soobrakaj-timelaps.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тајмлапсот од 12 часа покажува како воздушниот сообраќај низ Америка полека запре бидејќи Федералната управа за авијација приземји голем број летови поради технички дефект во информациските системи.


За потсетување, бројни институции и компании ширум светот, вклучително и аеродроми, банки, болници и медиумски куќи, пријавија технички дефекти што им предизвикуваат потешкотии.

Забележани се значителни проблеми на аеродромите во Австралија, Германија, Холандија и Шпанија. Многубројни летови се одложени, а на патниците им се советува да ги контактираат своите авиокомпании за најнови информации. Емитувањето на Скај њуз беше во прекин во Британија, а голем број европски авиокомпании и аеродроми исто така пријавија проблеми.

Проблемот настана по последното ажурирање на антивирусната програма CrowdStrike, што предизвика феномен познат во ИТ светот како „синиот екран на смртта“ на компјутерите со Windows.

Летовите на Делта, Јунајтед и Американ ерлајнс беа приземјени во Америка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK