(Видео) Вака изгледаа тунелите на Хамас во 2015, сега се долги стотици километри

Видео-Вака-изгледаа-тунелите-на-Хамас-во-2015-сега-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел започна операција во северниот дел на Газа која вклучува воздушно бомбардирање на целата територија и нарушување на комуникациите, но се уште не е познато дали тоа е целосниот обем на долгонајавуваната офанзива.


„Војниците влегоа во Газа преку „портата на злото““, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до нацијата во врска со настаните во Газа минатиот петок.

Израел потоа објави дека неговите сили нападнале вооружени членови на Хамас во огромната мрежа на тунели под Газа.

Тунелите се клучна цел за Израел бидејќи ги проширува копнените операции во Газа за да го уништи владејачкото движење Хамас по неговиот вооружен напад пред три недели, во кој израелските власти велат дека загинале повеќе од 1.400 луѓе.

„Појасот Газа се состои од слој за цивили, под кој има слој за Хамас. Се обидуваме да дојдеме до вториот слој изграден од Хамас“, изјави портпаролот на ИДФ во неделата по нападот на Хамас.

„Ова не се скривалишта за цивили во Газа. Тие се само за Хамас и другите терористи за да можат да продолжат да испалуваат ракети врз Израел, да планираат операции и да уфрлуваат терористи во Израел“, тврди тој.

Исклучително е тешко да се процени големината на тунелската мрежа, која Израел ја нарече „метро во Газа“ и се верува дека се протега под областа долга 41 километар и широка 10 километри.

Во февруари 2015 година, новинар на Би-би-си влезе во тунелите на непозната локација долж границата со Израел. Потоа беа користени од Исламскиот џихад за напади врз Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK