На социјалните мрежи се појави видео од акцијата на украинските специјалци за време на инвазијата на руската област Курск. Видеото на својот „Икс“ профил го објави и Роб Ли, аналитичар во Американскиот институт за надворешна политика.
Видеото ги покажува украинските специјалци во бункери, згради и индустриски погони во областа Курск.
Video of Ukrainian SSO assaulting buildings and bunkers in Kursk oblast. https://t.co/Z23sYxElIx pic.twitter.com/e8W1W7FZtX
— Rob Lee (@RALee85) August 19, 2024
„Непријателите се обидоа да се сокријат во индустриски зони и во утврдени позиции меѓу цивилни куќи. Нашите војници од единиците на специјалните сили ги идентификуваа и ги уништија“, се вели во соопштението на украинските специјалци.
„Заседите, нападите, координирањето со артилерија и земање заробеници се секојдневна работа на операторите на силите за специјални операции на непријателска територија“, наведуваат специјалните агенти со видеото од акциите.