(Видео) Украинските сили предизвикаа хаос во руските рафинерии


napadi-rafinerii-rusija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската војска соопшти дека во текот на ноќта извршила напади врз руски рафинерии за нафта во Краснодарскиот крај и Самарската област.


Во соопштението се наведува дека нападите предизвикале експлозии и пожар во рафинеријата за нафта во Краснодар, која произведува околу три милиони тони нафтени деривати годишно, вклучувајќи бензин, дизел и авионско гориво, пренесува Укринформ.

 

Исто така, украинската војска соопшти дека дошло до пожар во рафинеријата во Сизрањ, Самарска област, која до август имаше капацитет за преработка од 8,5 милиони тони нафта годишно.

 

Нападите се дел од продолжената стратегија на украинските сили за таргетирање на клучни индустриски објекти на територијата под контрола на Русија, со цел да се намали воениот и економскиот капацитет на противникот.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK