Украинските сили синоќа ја погодија позицијата на моќниот руски противвоздушен систем С-300 во близина на Новошахтинск во руската Ростовска област, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили. Експлозии беа регистрирани во целните области. Се утврдува точноста на ударот, се вели во извештајот на Генералштабот, без да се наведат детали за последиците.
На социјалните мрежи се појави и видео снимка направена синоќа во Ростовската област, на која наводно се гледаат последиците од украинскиот напад врз системот С-300.
The strike of Ukrainian Defense Forces on an S-300 air defense position near Novoshakhtinsk, Rostov region of Russia – Ukrainian General Staff.
“A missile flew in, blew up the air defense,” people in the video say. pic.twitter.com/7BYm9X9CJ6
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 21, 2024
Властите во Ростовската област утринава известија за соборување на украинска ракета во западниот дел на регионот.
„Според прелиминарните податоци, нема жртви или штети од паѓање на остатоци“, објави гувернерот Василиј Голубев на својот канал на Телеграм.
Русија обично не ги коментира своите воени загуби по украинските напади.