(Видео) Украинците нападнаа два руски града, Русите извршија напад со дрон врз Киев

5-16.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија изврши напад со дрон врз Киев, а Украина истовремено нападна два големи руски града.



Рано наутро Русија изврши напад со беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска.

Според првичните информации нема повредени или материјална штета.

Серхи Попко, шеф на воената администрација на Киев, преку Телеграм изјави дека неколку беспилотни летала биле уништени додека се приближувале до областа околу Киев. Тој додаде дека точната проценка за сериозноста на нападот ќе се знае во текот на денот. Во 2:30 часот, големи области на централна и источна Украина беа под предупредување за воздушен напад.

Истовремено, делови од уништените беспилотни летала што Украина ги испрати во руската област Саратов оштетиле неколку куќи во градовите Саратов и Енгелс, изјави гувернерот на регионот, кој се наоѓа на неколку стотици километри југоисточно од Москва, пренесува Јутарњи.

Едно беспилотно летало удрило во резиденцијалниот облакодер „Волга Скај“, кој има 38 ката. Снимен е моментот кога дронот удрил во зградата. Ова е највисоката зграда во Саратов, каде живеат околу 850.000 луѓе.

Оштетени се најмалку три ката од оваа зграда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK