Руските системи за противвоздушна одбрана уништија две украински противбродски ракети „Нептун“ над Црното Море, во близина на брегот на Крим.
Ова денеска го соопшти руското Министерство за одбрана.
„На 17 ноември 2023 година, околу 10:40 часот по московско време, беше прекинат обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со две противбродски ракети Нептун врз цели на територијата на Руската Федерација“, се наведува во соопштението.
Претходно рускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развозаев, објави дека противвоздушната одбрана над Северното пристаниште соборила две воздушни цели.
Every single day at this time, 9am EEST, 7am GMT, #Ukraine honours its fallen with a moment of silence. pic.twitter.com/pV5QmqxdZ6
— Tim White (@TWMCLtd) November 17, 2023
Крим, кој Русија го прогласи за анексија во 2014 година, е цел на украински беспилотни летала и ракети откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари минатата година.