(Видео) Украинци: Погодивме воен камп на руска територија, имаше до 3.000 војници

Видео-Украинци-Погодивме-воен-камп-на-руска-територија-имаше-до.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската безбедносна служба (СБУ) во текот на ноќта од вторник кон среда со беспилотни летала нападна воен камп во близина на воздухопловната база Калино во областа Курск, изјави за „Украинска правда“ извор од разузнавачките кругови.


Тој нагласи дека зад експлозиите што се слушнале во рускиот воен камп кај селото Постојаље двори стојат украински разузнавачи.

Според безбедносните служби, на наведената локација се стационирани до 3.000 руски војници и околу 80 единици воена опрема. Се утврдува точниот број на руски загуби, но извор на Украинска Правда тврди дека штетата била голема и дека биле регистрирани најмалку 18 напади со беспилотни летала врз кампот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK