(Видео) Тројца загинати, 15 повредени во напад со нож во Шангај

Screenshot-2024-10-01-065632.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три лица загинаа, а 15 се повредени во напад со нож во супермаркет во Шангај вчера, јави државната новинска агенција Ксинхуа.


Жртвите веднаш биле пренесени во болница, но тројца од нив починале. Напаѓачот, 37-годишен маж со презиме Лин, бил приведен од полицијата која добила дојава за инцидентот во 21:47 часот по локално време.

Истрагата е во тек.

Со текот на годините, Кина бележи зголемување на инцидентите со прободување во јавноста, при што властите честопати обвинуваат за ментална болест, според Ројтерс.

Децата во училиштата често се мета, а во септември 10-годишен јапонски ученик беше смртно избоден со нож на неколку метри од своето училиште во јужниот кинески град Шенжен.

Тој инцидент, заедно со нападот со нож во јуни врз двајца јапонски државјани во Сужоу, голем град во источна Кина, предизвика загриженост за безбедноста кај членовите на јапонската заедница во Кина.

Инцидентите со прободување се ретки во Шангај, но не без преседан. Во 2022 година маж рани 15 луѓе во голема болница, а една година подоцна беше осуден на смрт, потсетува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK