(Видео) Трамп: Украина е во сериозна неволја


Screenshot-2025-09-16-220950.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше со новинарите пред неговата посета на Обединетото Кралство, а како одговор на прашање од украински новинар, тој зборуваше за војната во Украина и неговите планови.


Кога беше прашан за испораката на американските системи „Патриот“ во Украина и времето на нивното пристигнување, Трамп прво го праша новинарот од каде е. Кога слушна дека е од Украина, американскиот претседател рече: „Ја сакам Украина, ги сакам луѓето од Украина. Затоа помислив дека слушнав малку украински акцент“.

„Но, земјата е во сериозна неволја. Ова е војна што никогаш не требаше да се случи. Но, јас ќе ја спречам“, додаде Трамп.

Трамп тврдеше дека спречил седум војни во последните осум месеци.

„Мислев дека оваа ќе биде најлесната затоа што го познавам Путин. Но, не беше, бидејќи постои огромна омраза меѓу Зеленски и Путин. Но, ние ќе ја спречиме“, рече американскиот претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK