„Победивме“, беа првите зборови на Доналд Трамп додека се обраќаше во спортската сала преполна со негови поддржувачи во Вашингтон, во неделата навечер, јавува Би-би-си.
Новоизбраниот американски претседател рече дека со неговата церемонија на полагање заклетва во понеделник завршуваат, како што рече, „долгите четири години американски пад“ и ќе воведе „сосема нов ден на американската сила, просперитет и гордост“.
По говорот на Трамп, на сцената му се придружија и членовите на групата „Вилиџ пипл“, а новоизбраниот американски претседате танцуваше со нив.
Неговиот близок сојузник, милијардерот Илон Маск, исто така накратко му се придружи, ветувајќи дека „ќе ја направи Америка повторно голема“.