(Видео) Трамп е се поблиску до победата, ја освои првата клучна држава

tramp-kamala-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи во Северна Каролина според проекциите, а води во Пенсилванија, најважната од седумте клучни држави кои ќе одлучуваат за идниот станар на Белата куќа.


Со преброени 82 отсто од гласовите, Трамп води пред Харис во Пенсилванија. Трамп води и во Џорџија, но аналитичарот на Си-ен-ен потсети дека Трамп водеше и пред 4 години, но на крајот Бајден победи со многу мала разлика.

Во Аризона и Висконсин Трамп и Харис се речиси изедначени, во Мичиген предводеше Харис, но според новите податоци Трамп и таму води.

Досега Трамп освоил вкупно 227 електори наспроти 185-те на Харис. За победа се потребни 270 електорски гласови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK