Жителот на Флорида Роберт Хејт го опиша своето искуство за време на торнадото за кое вели дека денес „го исцицал целиот покрив од неговата куќа“.
Хејт, кој живее во Форт Мајерс, Флорида, бил во својот дом со своето семејство кога удрило торнадото.
„Го видов торнадото како доаѓа и ѝ се јавив на сопругата… Почна да удира во дрвјата и сите се упативме низ ходникот, дури и не стигнавме таму на време“, изјави тој за AccuWeather.
Roofs were torn off homes in Fort Myers, Florida, after a tornado on Wednesday as Hurricane Milton barrels toward the state. https://t.co/D0ZWS7L6BK pic.twitter.com/RxunXeAr0h
— AccuWeather (@accuweather) October 9, 2024
„Слушнав како парче стакло се крши и го вовлече целиот покрив и почувствував дека ме вшмукува, ги грабнав моето дете и жена ми и се спуштив“.
На снимката објавена од Accuweather јасно се гледаат последиците од ураганот Милтон.