(Видео) Тинејџер загина во тропската бура Деби на Флорида, откажани над 1.500 летови

Screenshot-2024-08-05-202136.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

13-годишно момче загина во тропската бура „Деби“ што ја погоди северна Флорида кога дрво падна врз неговата куќа поради силниот ветер, соопшти полицијата.


Ова е првата жртва што ја однесе бурата „Деби“.

Бурата постепено ослабна под интензитетот на ураганите, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани.

„Деби“ носи ветрови со брзина од 120 километри на час и се движи кон север-североисток, јавува Си-ен-ен.

Федералната управа за авијација ги одложи летовите на аеродромите во Форт Лодердејл и Форт Мајерс.

Летовите од меѓународниот аеродром Форт Лодердејл-Холивуд доцнат во просек два и пол часа, додека летовите од меѓународниот аеродром во Југозападна Флорида во просек доцнат еден час.

Невремето „Деби“ доведе до откажување на летовите низ земјата, а најтешко беа погодени летовите од Орландо, Тампа и Мајами.

Авиокомпаниите откажаа повеќе од 1.500 летови низ САД.

Американ ерлајнс откажа еден од 10 лета, додека Саутвест ерлајнс откажа околу еден од 20 лета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK