(Видео) Тензии во Хаг по пресудата за Тачи – демонстранти се судрија со полицијата


hag-policija-tachi-presuda-epa-14296372.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кусо по пресудите за поранешните водачи на ОВК во Хаг, протестот на собраните поддржувачи на плоштадот Маливелд ескалира во судири, при што полицијата употреби воден топ, јавуваат холандски медиуми.


Неколку стотици Албанци од Косово се собраа пред судот за да им дадат поддршка на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи за време на изрекувањето на пресудата.

РТС јавува дека група демонстранти со камења, гранки и јарболи од знамиња ги гаѓала припадниците на специјалните полициски сили. Според информациите на телевизијата, која се повикува на извештаи на холандските медиуми,  некои од собраните се качиле на покривот на полициско возило во движење и скокале врз него, додека други ги оштетиле ретровизорите и фрлале предмети кон службените возила.

Полицијата реагирала со силно потиснување на демонстрантите. По интервенцијата, ситуацијата во Хаг се смирила, а собраните се разотишле.

Специјализираните совети на Косово во Хаг ги осудија четворицата поранешни водачи на ОВК – Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими – на вкупно 81 година затвор за воени злосторства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK