(Видео) Телото на деветмесечно бебе пронајдено во Дрина: десет жртви во страшната трагедија

Screenshot-2024-08-22-185235.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Припадници на српската полиција ја пребаруваа Дрина, кадешто денеска се преврте чамец со мигранти, при што беше пронајдено тело на бебе, додека полицијата на Република Српска го извлече телото на уште едно машко лице од реката, објавија српските медиуми.

„Припадниците на МВР со претрес на теренот, кој од синоќа интензивно се одвива, денеска околу 15.30 часот, го пронајдоа безживотното тело на деветмесечно бебе во градот Лоњин низводно од Дрина, во близина на брегот. За жал, бебето е десеттата жртва на превртувањето на брод со нерегуларни мигранти кои се обиделе да ја преминат оваа река од Србија во општина Зворник“, рече вицепремиерот на Република Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Бебето било со мајката чие тело рано денеска беше извлечено од реката.

„Потрагата се уште трае, истакна министерот Дачиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK