Спасувачите во Тајван трагаат по товарен брод со девет членови на екипажот кој потона во близина на јужниот брег на земјата.
Товарниот брод под знаме на Танзанија бил во близина на јужниот пристанишен град Каосиунг кога Тајван го погоди тајфунот Гаеми, јавува „Би-Би-Си“.
Уште три странски бродови се насукаа за време на тајфунот, но екипажот е безбеден. Тајфунот Гаеми, кој во средата го погоди источниот брег на Тајван, уби три лица, а стотици повреди на островот, соопштија официјални лица.
Пред да го погоди Тајван, Гаеми ги влоши условите за дожд на Филипините, каде што загинаа осум лица. Покрај тоа, таму се преврте цистерна со околу 1,5 милиони литри индустриско гориво.
Pray for Philippines 🙏😢 flooding,landslide due to #CarinaPH PRAYING FOR ALL OF YOU THERE.#CarinaPH #Philippines #TyphoonCarina #TyphoonGaemi #typhoon #Markina #CarinaPH #Carina #TyphoonGaemi #Gaemi #BREAKING pic.twitter.com/PbtptNJpQs
— kiran joshi (100% Follow Back) (@kiranjoshi235) July 24, 2024
Шеснаесет членови на екипажот на бродот МТ Тера Нова под филипинско знаме беа спасени, додека еден се води како исчезнат, изјави секретарот за транспорт Хаиме Баутиста.
На Тајван вчера беа затворени и училиштата и канцелариите, а откажани беа и сите влезни и појдовни летови. Во главниот град Тајпеј, полиците на супермаркетите се празни бидејќи луѓето складираат намирници пред очекуваното зголемување на цените по тајфунот.
Powerful, damaging gusts ripping through Suao now blowing sheets of intense rain. #typhoon #gaemi inching closer to Taiwan pic.twitter.com/8rq6ofhw5x
— James Reynolds (@EarthUncutTV) July 24, 2024