(Видео) Свлечиште на депонија во Уганда: отпадот затрупа куќи, најмалку 17 мртви

uganda-nesrekja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 17 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето на огромна депонија во главниот град на Уганда, Кампала. Спасувачите продолжуваат да ја пребаруваат депонијата со надеж дека ќе најдат уште преживеани.


Одронот се случи по неколкунеделни обилни дождови. Ѓубрето од цела Кампала, дом на околу четири милиони луѓе, пристигнува во депонијата Китези.

„Се плашевме дека може да се случи вакво нешто. Можеби многу, многу повеќе луѓе се затрупани“, рекол градоначалникот на Кампала, Ериас Лукваго, а пренесува Би-би-си.

Градските власти со години се обидуваат да најдат ново место за депонирање на отпадот. Свлечиштето се случило доцна во петокот навечер и ги затрупало околните куќи додека луѓето спиеле.

Претседателот Јовери Мусевени нареди истрага за тоа како на луѓето им е дозволено да живеат толку блиску до потенцијално опасна депонија. Многу луѓе го пребаруваат отпадот и заработуваат со продажба на работите што ќе ги најдат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK