(Видео) „Спиев, појасот ми беше врзан и наеднаш се превртевме“: вели патник од автобусот што се преврте во Турција

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Очевидци на страшната несреќа во Турција, во која според првичните информации шест лица загинаа, а 25 се повредени, велат дека возачот на автобусот со туристи изгубил контрола над возилото пред да се преврти:



Еден од патниците во автобусот опишува што се случило:

„Спиев, појасот ми беше врзан и наеднаш се превртевме“, изјави Рамазан Дурмуш.

Се огласи и возачот од автопатот, кого автобусот го претекнал непосредно пред да се преврти:

Штом ме престигна, автобусот почна да оди лево-десно. Мислам дека возачот заспа, ги вклучив долгите светла и почнав да му свирам“, изјавил еден од возачите за „Хариет“.

Турските медиуми јавуваат дека несреќата се случила утринава околу седум часот на 25-от километар од автопатот од Аксарај кон Анкара, недалеку од селото Аџипинар.

По превртувањето, автобусот ја пробил заштитната ограда на автопатот и застанал по околу 90 метри.

Во автобусот имало 41 патник, двајца возачи и еден туристички водич. Веднаш по несреќата на местото на трагедијата излегле голем број полициски патроли и противпожарни возила, додека итните служби ги префрлиле повредените во болницата во Аксарај.

Телата на загинатите се пренесени во истата болница каде ќе биде извршена обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK