Утрово во јапонската престолнина Токио е уапсен маж кој со својот автомобил поминал низ заштитната ограда пред израелската амбасада.
Би-би-си јавува дека повреден е полицаец, јави јапонската телевизија „NHK“.
A Man involved with an Extremist Japanese Right-Wing Organization has reportedly been Arrested in Tokyo, Japan after he Rammed his Car into a Barrier near the Israeli Embassy in the City, resulting in the Injury of at least 1 Police Officer. pic.twitter.com/LiUnMQd7Cs
— OSINTdefender (@sentdefender) November 16, 2023
Уапсен е маж на околу 50 години, за кој се верува дека е член на ултрадесничарска организација.
Се наведува дека заштитната ограда се наоѓала на околу 100 метри од зградата на израелската амбасада.
На социјалните мрежи се појави видео на „NHK“ на кое се гледа како автомобил пробива ограда.
Се уште не се знае дали инцидентот бил намерно предизвикан.
Би-би-си потсетува дека израелските амбасади и конзулати ги засилија безбедносните мерки ширум светот во текот на изминатиот месец.