Вооруженото крило на милитантната група Хамас денеска соопшти дека истрелало 150 ракети кон најголемиот град во Израел, Тел Авив, пренесува Ројтерс.
Низ Тел Авив се слушаат сирени и повеќе од десетина силни експлозии, јавуваат новинарите на „Си-ен-ен“ од терен.
‼️ In response to tower bombing in the center of #Gaza, #Hamas launches major 150 missile attack on #TelAviv – Hamas statement. pic.twitter.com/T7YyPEifNL
— NEXTA (@nexta_tv) October 7, 2023
Локалните медиуми известуваат дека израелската влада ја прекина седницата поради нападот на Тел Авив.
Хамас соопшти дека истрелал 150 ракети како одговор на израелскиот воздушен напад врз Палестинската зграда – 11-катница во центарот на Газа.
Local media reported hits and falling debris both in #TelAviv and city’s suburbs. pic.twitter.com/XYB86IhCHA
— NEXTA (@nexta_tv) October 7, 2023
Локалните медиуми објавија драматични снимки од улиците на Тел Авив по нападот на Хамас, а снимки се споделуваат и на социјалните мрежи.
Less than hour ago, Hamas fired rockets at civilians in Tel Aviv.
Hamas has murdered more than 100 innocent Israelis after infiltrating Israel and butchering Israelis in their homes.#Israel is at war with a cruel enemy. We will persevere and do whatever it takes to keep our… pic.twitter.com/tajjAon4Yz
— David Saranga (@DavidSaranga) October 7, 2023