(Видео) Снимка од расплакан возач на Брзата помош во Газа го обиколи светот: во воздушните напади срамнети цели градски блокови

Видео-Снимка-од-расплакан-возач-на-Брзата-помош-во-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спасувачките екипи низ Газа се обидуваат да организираат извлекување на повредените од урнатините, но има голем број жртви и нема можност што побрзо да се извлечат повредените и да се спаси сечиј живот, пренесуваат светските медиуми.



Снимка од возач на Брзата помош на местото на настанот, кој плаче, свесен дека не може да се спасат сите, го обиколува светот.

Според написите, болниците се при крај со залихите, а прекините на струја го продлабочуваат ужасот на војната предизвикана по крвавиот напад.

Воздушните напади срамнија цели градски блокови во малата крајбрежна енклава и оставија непознат број тела под купишта урнатини. Бомбардирањето беснее иако милитантите држат околу 150 луѓе киднапирани од Израел – војници, мажи, жени, деца и постари лица, се наведува во извештаите на медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK