Министерството за одбрана на Русија потврди дека е оштетен еден од нејзините воени бродови по украинскиот напад на пристаништето на полуостровот на Црното Море Крим, окупиран од Русија.
JUST IN: Ukraine launches attack against Russia, destroying the Novocherkassk, a Russian warship in Crimea.
Ukraine has taken responsibility for the attack, claiming the ship was completely destroyed.
The ship was reportedly 360-feet long and had the ability to transport 10… pic.twitter.com/cfQHk0CLKg
— Collin Rugg (@CollinRugg) December 26, 2023
Големиот десантен брод Новочеркаск, кој е дел од руската Црноморска флота, беше погоден од украински воздушни напади, соопшти Министерството за руската државна новинска агенција ТАСС.
Се појавија снимки од моментот на нападот.
Претходно украинските воздухопловни сили објавија дека уништиле воен брод со помош на крстосувачки ракети.