(Видео) Снимен моментот кога навивачите совладаа еден од напаѓачите на парадата во Канзас

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од тројцата осомничени напаѓачи на парадата на победникот на Супербол во Канзас беше совладан од навивачите на Канзас Сити Чифс, објавија американските медиуми.



Во пукањето на големата парада на Канзас Сити Чифс, една жена беше убиена, а 21 лице беа ранети. Меѓу ранетите има и деца.

Американската ТВ станица КТЛА објави видео на кое се гледа како во стампедото кое настана по пукањето, неколку навивачи се фрлиле на еден од осомничените напаѓачи и го контролирале додека не дојде полицијата на местото на настанот.

Мотивот за пукањето се уште не е познат, но неименуван полициски извор изјавил дека не постои сомнеж за тероризам и најверојатно станува збор за расправија која прераснала во вооружено насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK