Силно невреме го погоди регионот Кемерово во југозападен Сибир, при што загинаа најмалку три лица, а 18 се повредени, јави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на регионалната агенција за цивилна заштита.
Невремето оштети стотици куќи. На социјалните мрежи можеше да се види видео од Новокузњецк на кое се гледа како дрво паѓа врз автомобил додека се вози.
#Russia. Footage of the terrible #hurricane currently devastating #Siberia. In #Novokuznetsk a tree crushed a car: two people died instantly. pic.twitter.com/K3A8jBxrL7
— Donato Yaakov Secchi (@doyaksec) November 19, 2023
Многу домаќинства останаа без струја, а во прекин е и јавниот превоз. Градоначалникот Сергеј Кузнежов прогласи вонредна состојба. Во Новокузњецк со децении немало природна катастрофа од ваков размер, напиша тој на Телеграм.
Зафатени беа и други области на Сибир, вклучувајќи ги градот Новосибирск, Краснојарск и Иркутск.
Руското Министерство за енергетика соопшти дека во еден момент повеќе од 225.000 луѓе останале без струја.