(Видео) Серија земјотреси ја погодија Италија, луѓето излегоа на улиците

Видео-Серија-земјотреси-ја-погодија-Италија-луѓето-излегоа-на-улиците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Италија, а потоа во текот на ноќта следеа серија послаби земјотреси поради кои граѓаните исплашени излегоа на улиците.


Првиот, најсилен земјотрес е регистриран синоќа во 22 часот и 8 минути на длабочина од три километри. Епицентарот на земјотресот бил во Флегрското Поле, а бил почувствуван и во Неапол.

Земјотресот го почувствувале граѓаните особено во Неапол, а и во околината. Некои жители слушнале силен тресок пред да се затресе земјата. Пријави на социјалните мрежи доаѓаат и од оние кои живеат во северниот дел на главниот град.

Земјотресот предизвика страв во реонот на епицентарот, имаше урнатини, но засега нема значителна штета.

Меѓутоа, луѓето излегоа на улиците и не сакаа да се вратат во своите домови во страв од нов потрес, додека преплашените мештани повикаа пожарна.

Во 4 часот и 15 минути, нов земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала се случи во Флегрските полиња на длабочина од еден километар.

Утринава во 6 часот и 30 минути е регистриран нов земјотрес со јачина од 3,2 степени во провинцијата Катанзаро. Земјотресот е регистриран на длабочина од 24 километри со епицентар во Амат. Се почувствува и на други места.

А потоа во 7:11 часот имаше уште еден земјотрес со јачина од 3,1 степени во Реџо ди Калабрија. Тој бил на длабочина од 14 километри, со епицентар во Кардет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK