(Видео) Се урна руски стратешки бомбардер

Screenshot-2024-08-15-192205.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руски стратешки бомбардер се урна во Сибир, јавија руските државни медиуми.



Авионот Ту-22М3 се урна во регионот Иркутск поради техничка неисправност, се наведува во соопштението за печатот на руското Министерство за одбрана. Наведено е дека екипажот успешно се катапултирал.

„Авионот се урнал во ненаселена област. Нема штета на земјата“, се додава.

На руските канали на Телеграм се појавија фотографии и видеа од местото на несреќата.

Со оглед на тоа дека снимката е темна, се претпоставува дека несреќата се случила доцна синоќа или рано утринава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK