Тројца работници загинаа откако во Швајцарија се урна градежно скеле од зграда.
Дополнителни осум лица се повредени во инцидентот во швајцарскиот град Прили во близина на Лозана, од кои четворица потешко, соопшти полицијата.
Prilly Malley accident #lausanne pic.twitter.com/4HzgmT0X2H
— hasan ucar (@HasanUcar72) July 12, 2024
Несреќата се случила на градилиште на 19-катна дрвена зграда која е дел од трговски комплекс. Полицијата соопшти дека зградата е висока речиси 60 метри.
Очевидци изјавија за швајцарската новинска агенција „Keystone-SDA“ дека товарниот лифт паднал, носејќи го со себе целото скеле на северната страна на зградата.
Властите првично не објавија детали за несреќата или за можната причина.
Полицијата го опколи местото на несреќата, а ангажирани се пожарникари и специјализирани фирми за обезбедување на преостанатите скелиња од другите страни на зградата.